Концерт dzbcover-1-copyfdjfhdj-620x350

19 март, 2013

Голем интерес за концертот на Балашевиќ во Скопје

Организаторите на концертот, Авалон продукција информираат дека за концертот на Ѓорѓе Балашевиќ во Скопје на 19-ти април во арената „Борис Трајковски“, владее неверојатен интерес! Иако до концертот има точно еден месец, скоро половина од влезниците се распродадени што е прв случај во 20-годишната работа на Авалон продукција!

Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com на територијата на цела Македонија. Освен во Скопје, Авалон продукција ќе организира и голем open air концерт на Балашевиќ и во Белград на Калемегдан, на 24-ти мај.



Врати се горе ↑