Концерт 10502176_10205466317722856_35996398390460817_n

19 јануари, 2015

Голем хуманитарен концерт за Давид Домазетовски во Битола

За помош на 5-годишниот Давид Домазетовски од Битола, кој од 22 декември се наоѓа на одделот за неврохирургија поради тумор на мозокот, организиран е голем хуманитарен концерт, на кој ќе настапи голем дел од македонската музичка сцена. Настанот е закажан за среда, 21 јануари, во спортската сала „Младост“ во Битола со почеток од 19 часот, а публиката ќе има можност да се забавува со Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Бојан Стојков, Ламбе Алабаковски, „Памперс“, Дарко Илиевски, Александар Белов, Наташа Малинкова, Александар Тарабунов, Наде Талевска, Нина Јанева, Сара Мејс,  ТСК „Степ“, „Модус“, „Фонтана“, „Алтернатор“, „Милениум“, „Молика јуниор“, група „Македонија“, „Боеми“, Андријана Кеш, „Алегро“, „Болеро“, Кирил Стојчевски, „Мотив бенд“, Бобан Мојсовски, Џесика Палашоска, Татјана Стефановска, Јуле, „Кис ми“, Елена Велевска, Ѓоко Јовиќ и Јошка.

За сите оние кои сакаат да помогнат, можат да донираат и преку броевите за донација:

077/143-778- за корисниците на мрежата на ВИП

075/143-502- за корисниците на мрежата на ОНЕ

070/143-163- за корисниците на мрежата на Т-Мобиле,

или пак на сметката на Давид во Комерцијална банка

Отворена е сметка и за дијаспората. Сметката за пријателите од странство е:

IBAN MK 07300307062190557

BIC/SWIFT CODE KOBSMK2X

 



Врати се горе ↑