Аудио

23 јануари, 2017

„Голдфрап“ се враќаат со „Anymore“

По пауза од 4 години, аглиското електронско дуо „Голдфрап“ се враќа со нов сингл насловен „Anymore“, најавувајќи го својот седми по ред, студиски албум што ќе го носи насловот „Silver Eye“, а ќе биде објавен на 31 март.

Никогаш не сме сакале да се повторуваме“, изјави пејачката Алисон Голдфрап, додавајќи дека им се допаѓа спонтаноста и незнаењето за она што следува. „Дознаваме што сакаме во самиот процес на снимање. Обожавателите што останаа со нас е оние кои ја прифаќаат таа идеја и се возбудени од помислата дека не знаат што да очекуваат од нас“, заклучи таа.

„Мислам дека слушајќи го албумот ќе се чувствувате како да сте загубени во шума. Се обидувате да пронајдете интересен пат. Не знаете дали ќе биде безизлезен или ќе Ве однесе на некое интересно место и никогаш нема да знаете кога да застанете бидејќи ќе се прашувате што Ве очекува зад аголот“, додаде Вил Грегори.

Како звучи воведот во нивниот нов албум можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑