Свет Eminem

11 февруари, 2013

Годинава нов албум од Еминем

Како што изјави во ексклузивното интервју дадено за магазинот Billboard, претседателот на издавачката куќа Shady RecordsПол Розенберг, оваа етикета има сериозни планови за 2013 година. Новиот албум на Фифти Сент насловен „Street King Immortal“ дефинитивно ќе биде објавен во „првата половина на годинава“, својот втор албум ќе го објави и Јелавулф, а соло изданија ќе претстават Ројс Да 5’9, Крукед Ај, Џоел Ортиз и Џо Баден, по кои ќе се започне со работа на вториот албум на хип-хоп супергрупата Слотерхаус, кој ќе го наследи успешниот минатогодишен деби албум „welcome to: OUR HOUSE“.

Меѓутоа, најголемо внимание привлече најавата на новиот, осми по ред студиски албум кој ќе го претстави Еминем, а за кој Розенберг рекол дека е „при крај со процесот на снимање“ и додал: „Во потполност очекуваме дека новиот студиски албум на Еминем ќе биде објавен во 2013 година. Тој веќе подолго време работи на изданието. Со голема сигурност можеме да кажеме дека албумот ќе биде објавен некаде после празникот Memorial Day (односно, по 27-ми мај), но во овој момент не сме сигурни кој ќе биде точниот датум. За сега има најавено некои настапи во Европа во август, па ќе видиме што ќе биде додадено на распоредот.“

 

Извор: Billboard



Врати се горе ↑