Македонија spasovden2

21 мај, 2013

Годинава најдобрите фолк изведувачи на „Фолк Фест Спасовден”‏

Традиционално по трети пат годинава ќе се одржи Фолк фест Спасовден, фестивал на народни препеани песни. Новост е тоа што половина песни ќе бидат новокомпонирани, но се разбира, секоја песна го има задржано оној чист македонски звук.

Годинава на фестивалот ќе земат учество и фолк изведувачи кои ќе настапат за прв пат, меѓу кои Наум Петрески, Анета и Молика, Евто Пупиновски, Сузана Гавазова, Чуле и Дрим тим, Новица Василевски, Татијана Лазаревска, Елена Јовчевска, Сања Петковска, Јуле, Елена и други. Тука се и учесници кои по втор или трет пат земаат учество, како што се Даниела Темелковска, Анета Наковска, Тања Јовановска, Маестрал, Фаворити, Гашо и др. За овој фестивал се пријавија над 50 изведувачи, а ќе настапат 30 изведувачи. Фестивалот се одржува на фудбалскиот стадион Лескоец, каде секоја година присуствува публика во огромен број.

Оваа година фестивалот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, господинот Никола Бакрачески. По манифестацијата организирана е заедничка забава со учесниците на фестивалот во еден од охридските хотели. Покровител на Фолк фест Спасовден оваа година е оппштина Охрид. Фолк фест Спасовден ќе се емитува на австралиската сателитска тв ИНТВ, која неодамна се гледа ширум европа, ТВ Сонце и 13 локални македонски телевизии. Овој фестивал се смета и како највртен фестивал по телевизиите ширум Македонија.



Врати се горе ↑