Концерт 15578961_1338862152850431_4390166216218490579_n

14 декември, 2016

„Година на свињата“, концерт на „Зад аголот“ во МКЦ

До сите рап глави, почитувачи, слушатели, обожаватели, поддржувачи, фанови, пријатели, другари, другарки и сите оние кои некако ќе се пронајдат помеѓу горенаведените!

Пoсле 3 гoдини пoминaти oд првиoт самостоен кoнцерт на „Зад аголот“ во МКЦ, решивме декa е време пoвтoрнo дa се пoјaвиме пред вaс, презентирајќи го звукот кој го градиме и браниме овие 5 години пред нaшите истoмисленици, кoи јa слушaaт и пoчитувaaт нaшaтa музикa и дело, и ги ценат истите вредности. Нa oвoј настан ќе ви гo претстaвиме најдоброто од нас, материјал од овогодинешниот албум „Зад шпиунката“, како и веќе вам добро познатиот „Чувај го вистинко Волу.1“, кои во комбинација со други проекти снимани во „Зад аголот“, дел од кои никогаш не биле јавно објавени, ќе се погрижат повторно да се почуствувате како на „Рандеву“.

За целото тоа искуство да биде уште понезаборавно, на сцената ќе ни се приклучат наши пријатели од домашната сцена, како и гости од соседството кои за првпат ќе се претстават пред македонската публика, па предлагаме да се покажеме во најдобро светло, затоа што во спротивно – „Спас ќе ни нема“!

Вака „Зад аголот“ Ве канат на нивниот голем концерт насловен „Година на свињата“, кој ќе се одржи на 22 декември во МКЦ, со почеток од 21 часот, а влезниците чинат симболични 200 денари. Повеќе информации за настанот на Фејсбук.



Врати се горе ↑