Балкан goca

14 јануари, 2013

Гоца Тржан: Нема шанси да запеам во Загреб

Многу музички имиња од Србија и Хрватска не сакаат да настапат во другата земја. Категорично НЕ! кажа и Цеца, Тереза Кесовија призна дека во Србија пее само заради парите, а доследна на нејзниот став е и пејачката Гоца Тржан. Таа во изминатите денови го посетила главниот град на Хрватска, но таму била само во посета на нејзини пријатели, пишува српскиот магазин Ало!.

„Не настапував во Загреб, претстојував два дена во посета на мои пријатели. Објективно, нема шанси јас да запеам таму. Загреб е многу убав и чист град, со широки булевари, но јас мојот Белград не би го менувала за ништо!“ – изјавила Тржан.

Изгледа дека и за музиката има граници, особено кога се во прашање овие две поранешни југословенски земји.



Врати се горе ↑