25 април, 2014

Гоблините го претставија новиот сингл „Један на један“

Српскиот панк рок состав Гоблини денеска го претстави својот нов сингл и видео запис „Један на један“ кој се најде на актуелниот четврт студиски албум „Роба с грешком“. Новиот видео запис и овој пат е во реализација но продукцијата ИД од Нови Сад, а содржи и снимки нод големиот концерт во Белград кој го одржаа на 8 март годинава и кој беше посетен од над 4000 посетители, а во чии рамки го промовираа материјалот од новиот албум издаден од Лонг Плеј. Турнејата по повод новото издание ќе започне кон крајот на месецов, а во текот на летото најавени се и учества на неколку големи летни фестивали во Србија и регионот. Како изгледа и звучи новиот сингл на Гоблините можете да слушнете и видите горе.



Врати се горе ↑