2 декември, 2012

Го видовте новиот спот на Фло Рајда?

Раперот Фло Рајда неодамна го објави новиот спот за песната „Let It Roll“, а наместо жешки сцени во клуб, тој одлучи снимањето да го направи на плажите во Мајами. Нумерата која е најновиот сингл од неговиот албум „Wild Ones“, доби интересен видео запис во кој раперот вози ролерки во придружба на згодни девојки. Иако оваа атмосфера не е соодветна со годишното време во кое се наоѓаме, сепак е убав начин да се потсетиме на прекрасните летни денови.

 



Врати се горе ↑