Видео kaliopi-vucica

19 октомври, 2012

Го погледнавте ли новиот спот на Калиопи?

Можеби едно од најзначајните музички имиња во современата македонска музика, поп дивата Калиопи го најавува нејзиниот нов албум. По успешната соработка со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил за евровизиската „Црно и бело“, Калиопи го издаде нејзиниот прв сингл „Вучица“ за кој сними и видео запис во режија на Александар Ристовски – Принц.

На албумот ќе се најдат 10 нови песни на кои комплетен автор ќе биде токму Ромео. Од нивната соработка се роди можеби еден од најголемите екс ју хитови „Бато“, како и „Кофер љубави“. Калиопи изјави дека е многу задоволна од досегашната соработка со Грил, за неа ова е едно прекрасно ново искуство, иако се чувствува како никогаш да не се разделиле.

Материјалот за албумот се снима во Швајцарија, Германија и Македонија во една прекрасна атмосфера со врвни музичари од регионот. Несомнено е дека и со овој албум нашата поп дива уште повеќе ќе го зацврсти своето место на ѕвезда на македонското, а и балканското музичко небо.

 

 



Врати се горе ↑