Настани 225225_10200224366624886_490069741_n

1 март, 2013

ГМС со возможна мисија во Скопје!

На 16ти март се најавува апсолутно најпосакуваниот музички земјотрес во градот на кој главни уживатели и консументи ќе бидат љубителите на добриот транс звук. Со епицентар во спортскиот комплекс Борис Трајковски, пионерите со срушени рекорди на слушаност и настапи во историјата на психоделичниот транс – GMS ќе ја спроведат својата мисија – враќање на урбаниот пулс на Скопје.

Во втората епизода од мисијата „ДА ГО ВРАТИМЕ УРБАНИОТ ПУЛС НА СКОПЈЕ“, која е во режија на SUN PRODUCTION, покрај легендарните Growling Mad Scientists – GMS, ќе се движиме и на звукот на  мисионерите од нашиот регион:

DARE Vs ECI
– SOUND KILLAH
– DEJAN DOGY
– KOX (Galactic Explorers)

Сабота е денот, 16ти март е датумот. Стартот на урбаниот хепенинг е 23:00, а финишот е индивидуално прашање на кондиција.

Организаторот најавува најдобар RCF Sound System, најголемо ласер шоу, како и 3D визуелни анимации.

Влезниците се веќе во предпродажба по супер промотивна цена од 300 денари почнувајќи од среда, 6тимарт, во ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа на МК ТИКЕТС ширум републиката.

 



Врати се горе ↑