Концерт

13 јуни, 2018

Глобалната сензација „Постмодерн џубокс“ во Скопје

Со желба Скопје и Македонија да бидат навистина исполнети со различни музички доживувања на светско ниво, „Авалон продукција“ се потруди оваа година во Скопје да ја донесе во моментов веројатно најголемата и најинтересна концертна атракција во светот, музичкиот колектив „Постмодерн џубокс“ (Postmodern Jukebox), соопштија од продукцијата, која овој настан го додава во веќе богатата концертна сезона по повод својот 25. роденден.

Како што веќе сигурно знаете, „Постмодерн џубокс“ е музички колектив којшто во тотално старомоден или винтиџ-стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи во кои што на специфичен кабаре-начин изведува песни во опсег од „Рејдиохед“ и „Уајт страјпс“, па сè до Лејди Гага, „Строукс“ и уште многу други.

 

Настапите на „Постмодерн џубокс“ во суштина претставуваат врвно џез и свинг-кабаре кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи низ светот кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на Јутјуб воопшто и да не зборуваме. За нивниот настап во Скопје, кој е закажан за 14 декември, е одбрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за ваков тип на шоу.

Билетите кои ќе бидат пуштени во продажба од 14 јуни (четврток) во 09 часот наутро, ќе може да ги побарате онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и во „Југотон“, по следниве цени и категории:

SILVER SEATS – 1.500 денари

GOLDEN SEATS – 1.990 денари

ВИП – 2.400 денари

 

 

Најверните фанови можат да набават и ВИП-пакет на веб-страницата www.postmodernjukebox.com по цени од:

VIP GOLD – 7.025 денари со кој добивате: премиум место во првите 10 реда, средба со бендот, ексклузивен PMJ tour print limited edition и ВИП-пропусница;

VIP SILVER – 4.560 денари со кој добивате: премиум место во првите 10 реда и ексклузивен PMJ tour print limited edition.



Врати се горе ↑