Концерт 59e0a1fe-f122-4f2c-8b05-c8d47b9baea4

22 мај, 2015

Глобалната мегаѕвезда Роби Вилијамс на 17 јуни во Белград!

Светската поп мегаѕвезда Роби Вилијамс (Robbie Williams) во среда на 17 јуни ќе настапи на Ушќе во Белград, во рамките на големата турнеја „Let Me Entertain You“. Официјалниот капацитет на овој концерт е 30.000 посетители, од кој веќе половина е распродаден и тоа на повеќе од еден месец пред овој музички спектакл!

„Пеколот исчезна, пристигна рајот и јас одам на турнеја“, се зборовите со кои Роби ја најави светската турнеја и ја отвори со распродадени концерти во Мадрид, Барселона и Париз. Единствениот и харизматичен Роберт Питер „Роби“ Вилијамс е една од најпопуларните глобални поп ѕвезди во последните 20 години и еден од најпродаваните изведувачи на сите времиња со 11 албуми продадени во над 77 милиони примероци.

 

На само 16 години ја започна кариерата како член на бендот „Тејк дет“ (Take That), а во средината на деведесттите години одлучи да ја лансира соло кариерата, што се покажа како една од најдобрите одлуки во музичката индустрија. Неговите албуми редовно ги освојуваа првите места на британските и светските топ листи, со хитовите како што се „Feel“, „Supreme“, „Rock DJ“, „Come Undone“, „Rudebox”, „Millenium“, „Kids“, „Angels“ и бројни други! Досега има освоено неверојатни, рекордни 17 „БРИТ“ награди. Вилијамс во 2006 година влезе и во Гинисовата книга на рекорди со 1,6 милиони продадени влезници во еден ден! Роби веќе бележи голем успех и нови рекорди со актуелната светска турнеја „Let Me Entertain You“ за која лично инсистира да опфати и градови во кои не настапувал досега. Британскиот дневен весник „Гардијан“ (The Guardian) оваа година даде и најдобар опис на неговата спектакуларна турнеја: „Ако постои некој оваа година кој може да приреди повеќе забава од Роби Вилијамс и подготвеност на концертите до крај да ѝ се предаде на публиката, баш би сакале да го видиме“.

 

Настапот  на Ушќе во Белград е и единствениот концерт од турнејата „Let Me Entertain You“ во нашиот регион. Сѐ уште се живи сеќавањата на спектаклот кој Роби го приреди во 2013 година на стадионот „Максимир“ во Загреб на кој се слеаја фанови од целиот регион. Заради тоа со право се очекува и на Ушќе да пристигне голем број на негови обожаватели од Македонија и соседните земји.

Влезниците во Македонија пронајдете ги на МК Тикетс.

Влезниците за спектаклот на Ушќе се поделени по зони и тоа:

ПАРТЕР Б со сопствен превоз – 2.750 ден.
ПАРТЕР А со сопствен превоз – 3.300 ден.
ФАН ПИТ со сопствен превоз – 4.370 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД со сопствен превоз – 5.450 ден.
ТРИБИНА со сопствен превоз – 4.370 ден.

ПАРТЕР А + организиран превоз – 5.000 ден.
ПАРТЕР Б + организиран превоз – 4.400 ден.
ФАН ПИТ + организиран превоз  – 6.100 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД + организиран превоз – 7.150 ден.
ТРИБИНИ  + организиран превоз – 6.100 ден.
ВИП лаунџ + организиран превоз – 8.950 ден.
ВИП голд + организиран превоз – 15.700 ден.

САМО ПРЕВОЗ – 2.100 ден

www.robbiewilliams.rs
www.facebook.com/events/340701939474319

Организатори на концертот се „Егзит тим“ и „Скајмјузик“, со поддршка на „Арена Белград“ и „ААА продукција“.



Врати се горе ↑