12 март, 2018

„Гласот на децата“ – подарок од Сара Мејс за роденденот на „Поточиња“

Сара Мејс заедно со хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, во пресрет на јубилејното 15. издание „Поточиња 2018“,  на публиката ѝ подаруваат нова песна и видео. „Гласот на децата“ e темата која Сара Мејс и „Поточињата“ ја обработуваат и им порачуваат на возрасните дека чиста планета нам ни треба најмногу.

Зад музиката и аранжманот се потпишува реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова. Видеото, пак, го изработи „3Д проект студио“ (3D Project Studio), а како изгледа и звучи овој роденденски подарок за детскиот фестивал дознајте горе. Уживајте!

Само за потсетување, јубилејното 15. издание на „Поточиња“ ќе се одржи на 24 и 25 март во МОБ.



Врати се горе ↑