Македонија mars-118

19 ноември, 2012

Гласајте за омилениот радиски хит

Вкупно 15 македонски изведувачи ќе ги пеат своите најголеми годишни хитови и со тоа ќе учествуваат на македонскиот радиски фестивал МАРС 2012 кој ќе се случи овој четврток, 22 ноември, на сцената на Универзална сала.

Изборот на песни го направија 45 радиостаници од Македонија од вкупно сите 600 македонски песни кои се пуштале во етерот. Гласањето ќе биде на два начини: со жири и смс гласање. Првите три песни ќе се добијат со јавно гласање од 1 – 12 поени на 12 членото жири составено од претставници на националните и локалните радиостаници во Македонија. Во играта за гласови се вклучувате и Вие.

Како да гласате?  По пат на СМС на телефонскиот број 141 345, по цена од 41.30 денари за порака со вклучен ДДВ.

За да се регистрира гласот треба да испратите порака со содржина која ќе го содржи само редниот број на изведувачот. На пример: 01,02, 03… Нема ограничување за бројот на гласови од еден телефонски број, а гласањето трае до 22 ноември.

Оној кој ќе добие најмногу гласови преку СМС пораките ќе добие право за користење на Универзална сала за концерт наредната година. Редоследот на песните за кои може да гласате го имате на следното видео.

Во ревијалниот дел на МАРС 2012 ќе настапат пејачот на легендарната хрватска група Парни ваљак – Аки Рахимовски и членовите на популарното дуо од Србија, Фламингоси.



Врати се горе ↑