Македонија 1422626_1468629173363121_660961582_n

16 ноември, 2013

Гласајте за МАРС 2013!

Шестото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013 годинава ќе се одржи на 26-ти ноември во Универзална сала – Скопје.  МАРС 2013 и понатаму останува ревија на најпопуларните македонски музички ѕвезди, кои во една вечер нудат парада на најслушаните хитови во 2013 година. Затоа  МАРС важи за македонски музики „all stars”.

Изборот на најпопуларните годинешни радиохитови како и до сега ќе биде добиен по пат на селекција од 45 локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија. 15-те највртени песни во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2013 која ќе биде директно пренесувана на првиот канал на МТВ.

Новиот содржински редизајн на фестивалот наместо вообичаеното прво, второ, трето… место, ќе може да добие една или неколку различни награди во повеќе категории како што се Поп, Рок или Ар-ен-би и Рап хит на годината, хит испеан од Женски вокал, од Машки вокал или од Група, Балада на годината…, а тука се и категориите како Случајни партнери (дует партнерство за хит), Апсолутен радиски или ФМ хит (ќе биде онаа песна која ќе има најголем број гласови од радио-станиците), хит по избор на публиката (која ќе може да гласа преку Фан страницата на МАРС 2013 на Фејсбук), за најдобриот Текст на песна повторно ќе одлучуваат естрадните и музичките новинари од печатените медиуми и интернет порталите, додека за Ѕвезда што се раѓа ќе биде прогласено едно младо музичко име кое имало најголем напредок во кариерат во 2013 година.

За својот фаворит можете да гласате на фан страницата на МАРС 2013. Секој лајк е еден глас!

За категоријата Најдобар текст на песна од 15-те финални како и секоја година гласаат новинарите од печатените медиуми и интернет портали кои ја третираат естрадата и македонската забавна музика. Авторот на текстот на песната добива парична награда од 10.000 денари, а песната ќе биде изведена на МАРС 2013.

За Радиски хит во 2013 година според Изборот на фановите (публиката) ќе биде проглaсена една од 15 финалнопласирани песни за која фановите на Фан Страницата на МАРС 2013 на Фејсбук ќе кликнат најмногу лајкови почнувајќи од 14-ти до 21-ви ноември. Песната ќе биде изведена на МАРС 2013, а нејзиниот изведувач добива парична награда од 30.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2014 година исклучиво за свој солистички концерт.

МАРС 2013 ќе биде директно пренесуван на првиот канал на МТВ, а водители ќе бидат Марија Петровска од Бекстејџ и Марко Марк од Стисни Плеј.

На финалната вечер ќе настапат следните изведувачи кои ќе понесат дел од наградите:

  1. ТАМАРА – Само сакам да
  2. ДИМИТАР АНДОНОВСКИ – Месечина
  3. ДАРКО ИЛИЕВСКИ – Не е фер
  4. НОКАУТ – Запомни, тоа е сè што имаме
  5. РОБЕРТ БИЛБИЛОВ & ДОНТи се промени
  6. СЛАТКАРИСТИКА  – Добро да е
  7. EYE CUE & МАРИЈА – Боби, баш ми е гајле
  8. ТАЈЗИ – Регетон
  9. БЕНИ & НОН СТОП – Љубов
  10. ЕСМА & ЛОЗАНО – Пред да се раздени

    + Специјалните  гости:

    ЛЕВА ПАТИКА

    ВЛАДО ГЕОРГИЕВ

    ЈЕЛЕНА РОЗГА  

    Во трка за настап и наградите:  Избор на публиката и Најдобар текст на песна се уште и:

  1. ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ – Само за неа
  2. АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА – Животот е убав
  3. НЕКСТ ТАЈМ – Светот во раце
  4. ДНК – Што сака нека биде
  5. АРЕА – Запознај ме

Нивните освојувачи исто така ќе настапат на финалната вечер на МАРС 2013, на 26-ти ноември 2013 година во 20.30 часот во Универзалната сала Скопје.

 



Врати се горе ↑