19 октомври, 2015

Гламур и елита во Куманово: „Челик бенд“ го претстави своето првенче

Со гламурозна промоција во четвртокот (15 октомври, 2015) во ресторанот „Бела Дона“ со почеток во 20 часот пред новинарската фела, колегите и пријателите, кумановскиот „Челик бенд“ ја претстави својата прва песна и видео запис со наслов „Невеста убава“. Музиката ја напиша Гоце Нанов, текстот е дело на Орце Зафировски, додека за аранжманот се погрижи Драган Ристовски. Видео записот е во продукција на „ТВ Плус“ од Куманово, а снимен е во ресторанот „Бела Дона“.

Главната улога во видео записот ја игра атрактивната манекенка Душица Димчевска, а на промоцијата бендот доби поддршка и громогласен аплауз од своите пријатели и колеги, меѓу кои и Даниела Темелковска, Адријана Алачки, Нино Величковски, Мартинијан Кириловски, Боби Амадеус Зафировски, Тања Јовановска Трајкова, Орце Зафировски (текстописец на песната), како и дел од најпознатите македонски групи: „Синтезис“, „Дрим тим“, „Ж’тем“, „Скопски боеми“, „Амајлија“ – Скопје, група „Фантазија“, „Екстра бенд“, група „Ангели“, „Хабанера бенд“, група „Бисери“, „Сенатор“, група „Фамосо“, „Акорди бенд“, „Мерак бенд“, група „Абра Кадабра“ и други.

Во кратки црти кажано, кумановскиот „Челик бенд“ составен од Бојан Стојановски – вокал, Ангел Глигоров – виолина, Гоце Нанов – кларинет и саксофон, Никола Стојмановски – соло клавијатура, Александар Митрички – бас клавијатура и Ивица Андоновски – тапани, докажа дека заслужува место под македонското естрадно небо, а фантастичната организација на промоцијата и целиот декор, уште еднаш ја покажа нивната посветеност, професионалност, креативност и уникатност.



Врати се горе ↑