Концерт sasha-nikolovski-gjumar

12 декември, 2013

Ѓумар на чело на филхармонијата за концертот на Архангел

Долгоочекуваниот концерт на Архангел и Македонската филхармонија ќе се одржи на 20-ти декември во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а легендарниот бенд во оваа пригода ќе се појави како шестчлена рок-формација, додека филхармонијата ќе свири под диригентската палка на маестро Саша Николовски – Ѓумар.

Саша Николовски-Ѓумар (1966) е роден во Битола. Дипломира на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски. Во 1996 год. специјализирал на конзерваториумот „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, Русија, кај еминентните педагози Илија Мусин и Николај Кукушин. Во 1999 година ги завршува постдипломските студии на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија кај проф. Васил Казанџиев.

Концертот е закажан за 21- часот, а влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на Купи карти за сè, МК Тикетс, Пола Југотон, цвеќарница Розе (Веро 2), Камарад (Рамстор) и локални места ширум Македонија.

 



Врати се горе ↑