Македонија gjorgji-krstevski

7 јули, 2013

Ѓорѓи Крстевски се враќа со нова песна

Нашиот кантавтор Ѓорѓи Крстевски се враќа на музичката сцена по пауза од три години. Деновиве во студиото Крстевски се снимаше новата песна која ќе биде со брз и летен ритам и е комплетно негово авторско дело. Претстојната композиција за која се снимаше и видео запис под режисерската палка на Даниел Јовески, претставува почеток на низата активности и новитети кои ќе следат во наредните месеци.

Додека ја очекуваме новата песна, која ќе се појави во текот на следната недела, да се потсетиме на една од последните теми кои ги претстави Крстевски. Во продолжение уживајте со „Не се предавам“.

 



Врати се горе ↑