Македонија 301811_10150649178927654_1963319432_n

22 март, 2016

Ѓорѓи Крстевски бара помош за новиот видео запис

Познатиот музичар и кант-автор, Ѓорѓи Крстевски, го подготвува видео записот за својата нова песна „Македонија“, но му треба помош за да може што подобро да ги прикаже убавините на нашата земја.

„Почитувани, новата песна на Ѓорѓи, која ќе излезе наскоро, се вика ’Македонија’. Деновиве го работиме видеото, во кое ќе користиме и документиран материјал од спортски репрезентативни успеси, важни моменти од нашата историја, пејзажи од нашите природни убавини, цркви, манастири и сл. (Ако сте го гледале спотот за ’Моја Македонија’, песна од првиот албум, знаете отприлика за што станува збор). Па, доколку располагате со некаков видео материјал со слична содржина, кој би можеле да го искористиме во видеото, или можете да нè упатите на линк на интернет, или имате каква било идеја и сугестија, сега е моментот да ја споделите. Ви благодариме“, пишува на профилот на Крстевски на Фејсбук.

гк

 



Врати се горе ↑