Концерт gb-koncert

15 мај, 2015

Ѓорѓе Балашевиќ на 30 oктомври во Скопје!

Генијалниот Балашевиќ за прв пат доаѓа во Скопје со програмата „Кад тамбурама мангупи препрече пут”. На огромно задоволство на сите фанови во Македонија, „Авалон продукција“ реши да ја слушне нивната молба и во агендата на своите концерти за 2015 година го потврди концертот на миленикот на македонската публика, секогаш свежиот и актуелен новосадски кантавтор – легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ.

Човекот, којшто секогаш го распродава апсолутно секој концерт кој што го работи, со концертот на Калемегдан пред две години, со околу 30.000 посетители изби на прво место на интерната листа на „Авалон продукција“ по посетеност пред „Ајрон мејден“. Балашевиќ овој пат во Скопје доаѓа со својата нова програма концептуално наречена „Кад тамбурама мангупи попрече пут”,на 30 октомври во арената „Борис Трајковски“.

Оваа програма наиде на огромно воодушевување секаде каде што Ѓоле, бендот и тамбурашите ја представија во изминативе година и пол. Задоволството да уживаат досега го имаа во Загреб – 5 распродадени сали „Ватрослав Лисински“, Сараево – „Зетра“, 20.000 посетители, Осијек – 10.000 посетители, Сплит – распродадена Арена месец дена пред концерт… Сите детали за влезниците за концертот ќе бидат објавени дополнително.



Врати се горе ↑