Македонија gjoko

27 октомври, 2012

Ѓоко Танески ќе гради кариера во Турција?

Познатиот охриѓанец, пејачот Ѓоко Танески има новост за неговите фанови. Додека поголемиот дел од естрадата маки мачи да се промовира во соседна Србија или општо на Балканот, Ѓоко има поголеми амбиции. Имено, Танески во интервјуто за „Вечер“ изјави дека снима албум наменет за турскиот пазар, а во план е да се снима и дует со познат туски изведувач. Во изминатиот период тој интензивно работи на новиот материјал. Покрај оваа вест, Танески изјави дека следната година ќе биде многу плодна за него и дека ќе има многу новитети кои во иднина ќе ги видиме и чуеме од него.

 



Врати се горе ↑