Видео

18 мај, 2019

Ѓоко Јовиќ со песна порача: „Не е прекасно за среќа“

Ѓоко Јовиќ деновиве промовираше видео за уште една од песните што ги смести на минатогодишниот албум „Корени“, чии автори се тетовските хитмејкери Лазар и Магдалена Цветкоски.

„Почитувани, пред Вас е мојата нова песна ’Не е прекасно за среќа’. Со огромно задоволство Ви ја претставувам и Ви благодарам што ме следите неуморно. ’Не е прекасно за среќа’ е песна која се издвојува како фаворит за мене од албумот ’Корени’, бидејќи има посебна приказна и моќна порака која, се надевам, ќе допре до Вас“, порача пејачот, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑