Видео

15 јули, 2019

Ѓоко Јовиќ го претстави видеото за новата песна „Мила моја“

„Мила моја“ е насловот на новата песна на Ѓоко Јовиќ, чие видео премиерно беше претставено вчера. Станува збор за авторско дело на Пеѓа Меденица, чиј потпис стои на музиката и стиховите, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Енџи Мавриќ. Јовиќ заедно со Ксенија ги отпеа и придружните вокали, а сето тоа визуелно го заокружи екипата на продукцијата „Ин“.

Главните улоги во видеото им припаднаа на Јоцо и Мартина, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑