Концерт

28 февруари, 2019

„Ѓаволскиот виолинист“ Дејвид Гарет доаѓа во Македонија

Дејвид Гарет со неговиот албум „Unlimited Greatest Hits live“ објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнината од неговите кросоувер-изведби. Одговарајќи на повиците на неговата група на фанови во Македонија, која е сè во поголем број, тој за првпат ќе ја донесе својата спектакуларна програма во Скопје на 25 септември 2019 година во ВИП арената „Борис Трајковски“!

„Неограничено“ не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Секој што го познава Дејвид Гарет знае дека неговата креативност е неограничена. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за кросоувер, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок-хитови како што се „Purple Rain“ или „Smells Like Teen Spirit“, неговите верзии на песни како „Nothing Else Matters“ и „November Rain“, новиот спин на светски познатите поп-хитови како „Viva la vida“ или „Hey Jude“, како и неговите аранжмани на класични песни како што се „Beethoven’s 5th“ или „Clair de Lune“, ја креваат целата публика на нозе.

 

За повеќе од една деценија од неговата меѓународна кросоувер-кариера, Дејвид Гарет секој нареден пат се надминуваше себеси. Со неговата турнејата „ЕXplsive live“, продаде повеќе од 400.000 билети во 20 земји. Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс меѓу виолинистите, Дејвид Гарет е „ѓаволски виолинист“ од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и „Металика“. Заслужен за развој на модерниот кросоувер-тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, Гарет е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок-хитови. Обожаван од милиони обожаватели низ целиот свет, Гарет досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тој е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време.

Влезниците за концертот на Дејвид Гарет во Скопје се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑