Концерт di meola

30 март, 2016

Гитарскиот виртуоз Ал Ди Меола за првпат пред македонската публика со концерт на отворено

„Авалон продукција“ со огромно задоволство Ви го најавивува ексклузивниот концерт на најнаградуваниот гитарист на сите времиња, Ал Ди Меола (Al Di Meola), кој ќе се одржи на 13 август, под отворено небо, на најубавиот концертен простор во Македонија, Античкиот театар во Охрид.

По неверојатно успешнo распродадениот концерт за кратко време во 2008 година одржан во Универзалната сала, легендарниот гитарски виртуоз повторно ќе настапи пред македонската публика и фановите од целиот Балкан. Неговиот настап е во рамките на промотивната турнеја за неговото последно албумско издание со наслов „Elysium“.

Mузичарот што читателите на влијателниот магазин „Guitar player“ дури четири пати го прогласија за најдобар џез гитарист, на сцената ќе го придружуваат гитаристот Пио Алфонси (Pеo Alfonsi) и перкусионистот Питер Казас (Peter Kaszas).

Пошироката светска јавност го запозна Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Ритрн ту форевр“ (Return to forever), во кој членуваат клавијатуристот Чик Кориа (Chick Korea), басистот Стенли Кларк (Stanely Clark) и тапанарот Лени Вајт (Lenny White). За тоа време, додека Ди Меола е член во „Ритрн ту форевр“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, Ди Меола одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.

Освен со Кларк и Кориа, Ди Меола е познат и по соработката со колегите Џон Меклафлин (John McLaughlin) и Пако де Лусиа (Paco de Lucia), кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“. Долгата листа на соработници на Ди Меола вклучува имиња како Пол Сајмон, Фил Колинс, Лучијано Павароти, Карлос Сантана, Џими Пејџ, Френк Запа и многу други.

Влезниците за концертот на Ал Ди Меола се пуштени во продажба од денес, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од: 1.000 денари (silver seats), 1.500 денари (golden seats) и 2.000 денари (VIP).

993585_1243855182309173_1650376445233589971_n



Врати се горе ↑