Настани 89123f95-b911-416c-80d4-b287f0876d02

5 февруари, 2016

Гитарска инвазија на „Егзит“! Доаѓаат „Кок сперер“, „Анти-флег“, „Ет д гејтс“ и „Боргезија“

Неприкосновените владетели на жестокиот панк и метал звук, цврсто вкоренети во најдлабокиот андерграунд, доаѓаат во гитарските храмови на фестивалот „Егзит“, на бините Fusion (Фјужн) и Explosive (Експлозив)! Најдобриот панк бенд во живо и еден од највлијателните стрит-панк состави на сите времиња, Cock Sparrer (Кок Сперер) ќе биде хедлајнер на Fusion бината во сабота, 9 јули. Панк звукот на првиот ден на „Егзит“, на Explosive бината ќе го брани и култниот американски анти-естаблишмент бенд, Anti- Flag (Анти-Флег), на кој ова ќе му биде прв настап во Србија! На истата бина последниот ден на фестивалот доаѓаат пионерите и творци на гетеборшката метал сцена, At The Gates (Ет д гејтс), а со бескомпромисен звук на Fusion бината во петок, 8 јули, ќе им се придружат и зачетниците на „и-би-ем“ и електронскиот дарк-рок звук на овие простори, љубљанскиот состав Borghesia (Боргезија)!

Еден од најпопуларните панк состави во светот, Cock Sparrer, конечно доаѓа на Exit фестивал. Оформени уште во раните седумдесетти години, на самиот почеток од кариерата го откачија славниот менаџер на Sex Pistols (Секс Пистолс), Малком Мекларен, кој сакаше од нив да направи ѕвезди. На почетокот на следната деценија го објавија легендарниот „Shock Troops“, еден од највлијателните панк албуми на сите времиња. Нивниот подем се случи за време на 90-тите кога излегува и албумот „Guilty as Charged“, за денес тие да бидат меѓу најбараните панк-рок бендови со поворка обожаватели, чии свирки се паметат цел живот!

Контроверзниот, активистички панк-рок бенд, чиј заштитен знак е превртеното американско знаме, Anti-Flag, прв пат доаѓа во Србија! Оформени во Питсбург, инспирирани од политичките пораки на групите Dead Kennedys (Дед Кенедис) и The Clash (Д Клеш), на почетокот на деведесеттите направија бум на светската музичка сцена, а нивните рани албуми „For Blood And Empire“ (2006), „The Terror State“ (2003) и „Underground Network“ (2001) ја инспирираа бројната публика ширум светот да се заинтересира за идејата за социјализмот, антивоеното движење, како и денешното водечко движење во Америка – „Occupy“ (Окјупај). Anti-Flag се залагаат за радикални промени, општествена одговорност и слобода на изразувањето, борба против капитализмот, војната и безумниот национализам, на што е посветен и нивниот десетти албум „American Spring“, кој е објавен минатата година.

Музичкиот феномен познат како Гетеборшки звук (или Гетеборшка сцена) со своето појавување вечно ја промени метал сцената, премостувајќи и поврзувајќи ги екстремниот дет-метал звук и мелодичниот хеви-метал, а пионерите и творци на Гетеборшката сцена, шведскиот состав At The Gates беа и останаа маркирани како икони на овој звук. Ова лето тие доаѓаат на Петроварадинска тврдина да ја раздрмаат Explosive бината на Exit!

 

Едно од најзначајните имиња на словенечката сцена од времето на поранешна Југославија, покрај Laibach (Лајбах) и Pankrte (Панкрте), несомнено е љубљанскиот состав Borghesia кој се смета за зачетник на „и-би-ем“ и електронскиот дарк-рок звук на овие простори. Бендот кој, како што многумина велат, одеше далеку пред своето време, оформен уште во 1982 година, со својата појава предизвика бројни реакции од јавноста, а на сцената во голем стил се вратија во 2009 година, освежувајќи го својот стил со многу нови мотиви и нови идеи.

Фестивалот „Егзит“ ќе се одржи оваа година од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, а потоа Exit Авантурата патува на Јадранско море каде на плажата Јаз ќе се одржи третиот фестивал „Си денс“ од 14 до 16 јули. Влезниците за Exit се во продажба по цена од 3.599 денари, а за Sea Dance од 2.220 денари, додека целата Exit Авантура чини само 4.250 денари, што е заштеда од 60% во однос на финалната цена. Во Македонија овие влезници, како и камп-влезниците, се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).



Врати се горе ↑