24 декември, 2012

Гитаристот на многу естрадни ѕвезди сними спот

Младен Пецовиќ, гитаристот кој има соработувано и сè уште соработува со многу естрадни ѕвезди од Балканот, како што се Романа, Милена Вучиќ, Дадо Глишиќ, Марко Кон, Сека Алексиќ и уште многу други, и има учествувано во бројни проекти од различни музички жанрови, сними видео запис за неговиот прв сингл насловен „Гора“.

Паралелно со неговата работа и учество во други проектил, Пецовиќ одлучи во иднина да посвети повеќе време и енергија во авторската работа, односно како што самиот истакнува, „во нешто во што вистински верува“. Како увертира во албумот на кој интензивно работи, Пецовиќ сними видео запис за песната „Гора“, со која победи на овогодишниот белградски „Guitar Art Festival“, во категоријата етно гитара, и хрватскиот „Omiš guitar fest“, во категоријата електрична гитара.

„Видео записот е снимен во Ужице, град во кој сум израснал, на местата кои ги сакам и кои имаат некоја нереална вонвременска атмосфера“ – вели Пецовиќ, истакнувајќи го задоволството од соработката со екипата која го реазлизираше овој видео запис.

Покрај екранизираната песна, за која оригиналната композиција ја напиша Бранкица Васич Василиса, Пецовиќ е при крај со работата на нумерите „Whatever“ и „Out Of Sight“.

„Музиката не е натпреварување и единствениот вистински мотив за работа е љубовта“ – истакнува Младен Пецовиќ. Во прилог погледнете го видео записот горе, а песната можете да ја симнете бесплатно на овој линк.

 



Врати се горе ↑