Свет gd

9 декември, 2014

Гитаристот на бендот „Грин деј“ има рак на крајниците

Џејсон Вајт (Jason White), гитаристот на бендот „Грин деј“, заболел од рак на крајниците. Веста за дијагнозата беше објавена на официјалната веб страна на бендот: „Сакаме да ви ја соопштиме веста за нашиот брат, Џејсон Вајт, и сакаме да ја чуете од нас. Џејсон неодамна имаше рутинска операција на крајниците и во таа пригода докторите му открија канцер, но во облик кој може да се третира. За среќа, откриен е во рана фаза и Џејсон би требало брзо да закрепне. Ве молиме да ни се придружите во поддршката и позитивните мисли за Џејсон.“

Вајт стана постојан член на бендот во 2012 година. Пред тоа бил гитарист и фронтмен на калифорнискиот панк бенд „Пинхед ганпаудер“ (Pinhead Gunpowder), а заедно со Били Џо Армстронг ја основал етикетата „Аделајн рекордс“ (Adeline Records)„Грин деј“ својот последен албум ¡Tré!“ го објавија во 2012 година, кој беше дел од трилогијата  ¡Uno!¡Dos!¡Tré!“.



Врати се горе ↑