Концерт 559980_429482283818801_227568847_n

27 декември, 2013

Гимназијалците од Струмица со уште еден хуманитарен концерт за празниците

Љубителите на добрата музика мошне добро знаат дека новогодишниот концерт е спектакл кој филхармонијата го одржува секоја година во Виена. Учениците од гимназијата СОУ „Јане Сандански“ од Струмица веќе четврт пат организираат свој новогодишно-божиќен концерт кој прераснува во најголемите традиционални и хуманитарни акции во овој регион.

„Годинава ќе се обидеме да ја развеселиме нашата верна публика преку специфичен вид на музика со празничен призвук и огромна популарност меѓу сите генерации. Уште едно празнично патување каде што учениците на сцената ќе подарат бесплатна прошетка на различни места и во различно време“ – велат од хорот и оркестарот на струмичката гимназија.

Концертот ќе се одржи на 4-ти јануари 2013 во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица под мотото „Кога музиката е водич“. Поради големиот интерес, македонската средношколска варијанта на мегапопуларниот виенски новогодишен концерт создаден од непрофесионалните музичари ќе биде со две прикажувања во иста вечер. Овој концерт, во партнерство со невладината организација Младински совет, освен многу музика ќе резултира со илјадници подароци под елката кои се симболична влезница уште од првиот таков настан во 2011 година.



Врати се горе ↑