Свет coldplay

28 мај, 2014

„Ghost Stories“ од Колдплеј е најбрзо продаваниот албум за 2014 година

Новиот албум на составот Колдплеј продолжува да реди успеси. Од самото објавување на 19 мај, „Ghost Stories“ за само недела дена успеа да се најде на првото место на најпродаваните албуми, пренесува Official Charts Comapny. За седум дена албумот е продаден во 168 000 примероци, а од нивното деби издание од 2000 година „Parachutes“, заклучно со овој албум, бендот до сега продал преку 11,1 милион носачи на звук во Велика Британија.

 

Во категоријата синглови, на првото место е младиот британски музичар Сем Смит со темата „Stay With Me“. Оваа песна е негов трет сингл кој успеа да се искачи на првото место на оваа листа, а втор од неговиот деби албум „In The Lonely Hour“ кој беше објавен деновиве.

 



Врати се горе ↑