Свет get-lucky-daft-punk

6 септември, 2013

„Get Lucky“ е плагијат?!

Повратничкиот хит сингл „Get Lucky“ со кој француското електро дуо Дафт Панк се врати на музичката сцена и кој несомнено го одбележа летово, деновиве доби критики дека е плагијат. Имено, на социјалните мрежи започна да кружи песна која во 2010 година ја објавил корејскиот гитарист Зак Ким, а темата насловена „Robot Dance“ многу потсетува на музиката која ја потпиша легендарниот музичар Најл Роџерс, кој заедно со Фарел Вилијамс му се придружи на француското дуо во подготовките на актуелниот албум.

Ова „откритие“ предизвика бројни дебати околу оригиналноста на летниот хит, но Бони Хејс од музичкиот колеџ Беркли во Бостон се обиде да ја разјасни ситуацијата, откако детално ги преслушала двете верзии. За американскиот весник Metro, Хејс објаснила дека „единствената сличност на двете песни е само темпото и хармонската прогресија, додека ритмичката структура е сосема различна“, додавајќи дека слободно може да се каже дека станува збор за коинциденција: „Илјадници песни во изминате две години ја имаат истата хармонска прогресија и тоа во рефренот. Но за жал, никој не може да има авторски права за тоа. Доколку тоа беше така, ќе имаше само осум песни.“ 

Како и да е, двете песни можете да ги слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑