Видео

15 април, 2019

Гесафелстин и Фарел го објавија видеото за „Blast Off“

Францускиот диџеј и продуцент Гесафелстин минатиот месец го објави својот втор албум „Hyperion“, кој го најави со соработките со канадската ѕвезда Викенд (Lost in the Fire) и со американскиот хитмејкер Фарел Вилијамс за темата „Blast Off“, чија екранизација стигна денеска. Ретро-футуристичката тема потсетува на музиката на колегите „Дафт панк“, а сето тоа дополнето со интересно видео со специјални ефекти, во режија на Ворен Фу, можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑