Настани 1001247_486921821402524_1541823802_n

22 август, 2013

Германскиот диџеј Роберт Диц утревечер во Сектор 909

Овој петок во Сектор 909 ќе се одржи промотивната забава за фестивалот Reworks на кој ќе настапи германската диџеј ѕвезда Роберт Диц  (Robert Dietz). Диц потекнува од франкфуртската клубска сцена која од самите почетоци е предводенa од Свен Ват (Sven Vath). Неговата кариера за многу брз временски период достигнува огромен прогрес од апокалиптични размери, со што тој станува едно од најбараните имиња на сцената. За брзо време издава за Cecille, Cadenza, Deep Vibes, Running Back и Saved Record, изданија со старошколски хаус со модерен пристап кој има главна цел да го размрда подиумот.

Неговиот стил на пуштање музика лежи во основите на хаус музиката, секси хипнотизирачки грув зачинет со емоционални текстури и огромно чувство за тоа што и кога треба да се направи за клубот да експлодира. Неговиот распоред е преполн, тој е дел од букинг агенцијата на Desolat на Loco Dice и од Vagabundos тимот на Luciano и освен резидент вечерите на Ибица, тој непрекинато го обиколува светот пуштајќи во сите релевантни клубови каде и во повеќето станува нивни миленик .

 

Ова ќе биде негово прво гостување во Македонија каде ќе настапи на оваа промотивна забава за Reworks Festival од Солун. Покрај него ќе настапат и основачот на овој фестивал Ајсон и нашиот диџеј Флудер. Влезницата за оваа забава ќе изнесува 250 денари.

Reworks фестивалот по деветти пат ќе се одржи во Солун од 20-22 септември и оваа година повторно нуди одлична програма со имиња како Нина Кравиц, Пол Калкбренер, Масео Плекс, Џош Винк, Тоска, Бајсеп, Дени Дејз и многу други.



Врати се горе ↑