Свет barlow-gary-4fffe4d2d2461

1 октомври, 2013

Гери Барлоу најави нов албум во ноември

Британскиот музичар и лидер на популарната група Тејк Дет, Гери Барлоу неодамна го најави неговиот трет студиски соло албум кој ќе пристигне на 25-ти ноември. Познатиот судија на британскиот X Factor на својот Твитер профил изјави: „После долги 14 години, горд сум што го најавувам мојот нов соло албум за 25-ти ноември! Едвај чекам да го слушнете!“

На претстојното издание чиј наслов ќе биде откриен во петок (4-ти октомври), веројатно ќе се најде и дует со легендарниот Елтон Џон, за кој Барлоу своевремено изјавил дека му бил најголема инспирација за да научи на свири на пијано. Сè уште неименуваниот нов албум ќе го наследи „Twelve Months“ од 1999 година, кој беше последно издание со оригинален материјал, додека минатата година Барлоу објави кратко ЛП издание „Sing“, кое беше снимено за дијамантскиот јубилеј на британската кралица.

За следната година е најавен и нов албум од Тејк Дет, но покрај Гери, свој соло албум ќе објави и Роби Вилијамс, чие издание насловено „Swing Both Ways“ ќе излезе една недела порано од албумот на неговиот колега, односно на 18-ти ноември.

 



Врати се горе ↑