Свет 1450908_232414280252825_485061525_n

20 ноември, 2013

Гери Барлоу најави дует со Елтон Џон

Познатиот британски музичар и член на популарната група Тејк Дет, Гери Барлоу (42) минатиот месец се врати на музичката сцена како соло изведувач, најавувајќи нов албум по пауза од 14 години, а првиот сингл со кој го најави изданието „Since I Saw You Last“ беше  темата „Let Me Go“, која уште во првиот ден откако официјално беше издадена како сингл, се искачи на првото место на iTunes.

А сега, како втор сингл од претстојниот албум, Барлоу ја најави песната насловена „Face to Face“ која ја отпеа заедно со еден од неговите идоли, колегата Елтон Џон, за кој Барлоу своевремено изјавил дека му бил најголема инспирација за да научи на свири на пијано. Синглот ќе биде претставен на 25-ти овој месец, односно понеделник, кога е закажан и новиот албум.

Во 2011 година Барлоу го замени Сајмон Кауел во британскиот музички натпревар X Factor, но неодамна во тековната 10-та јубилејна сезона, омилениот судија на Велика Британија изјави дека следната сезона нема да биде дел од четиричленото жири бидејќи ќе замине на турнеја во чии рамки ќе го промовира новиот албум. Во минатонеделната епизода музичарот во живо го отпеа својот актуелен сингл „Let Me Go“, а како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑