24 март, 2014

Гери Барлоу го претстави „Since I Saw You Last“

Британскиот музичар и лидер на популарната група Тејк Дет, Гери Барлоу неодамна го објави својот трет сингл од актуелниот трет студиски албум насловен „Since I Saw You Last“, објавен во ноември минатата година. По најавниот сингл „Let Me Go“ и дуетот со Елтон Џон за темата „Face To Face“, како трет сингл беше избрана токму насловната нумера од албумот, која сега доби и свое видео издание кое можете да го погледнете горе.

Овој трет соло албум за Барлоу доаѓа по пауза од приближно 14 години откако во 1999 година го објави „Twelve Months“, а новиот материјал ќе го промовира со концертна турнеја поради која пејачот го откажа учеството во следната 11-та сезона на британскиот X Factor, кадешто имаше улога на ментор и судија во изминатите 3 години заменувајќи го креаторот и сопственик на овој музички формат, Сајмон Кауел.



Врати се горе ↑