Македонија generris

29 март, 2013

Generiss почнуваат со „Кампања“

Момците од ултра-симпатичниот мелодичен панк рок бенд од Ѓорче – Generiss, го објавија својот прв сингл „Кампања”, кој е дел од нивното деби-издание со наслов „On the brink of destruction” а ќе излезе за Sixtynine Records. Listening промоцијата во Скопје е најавена за април, а точниот датум ќе биде објавен наскоро.

На овој албум снимањето, миксот и мастерингот го направи Ненад Трифуновски – Трипе а на додатното снимање и едитингот работеше Дени Крстев во нивното неофицијално-наречено TESN студио. Во албумот – мелодичните вокали, терци, квинти, кварти и што уште не, испреплетени со класичните рифови и октави го прават нивниот звук топол и пријатен… нешто како пријатните звуци на No Use For A Name и Lagwagon во 90-тите. Михаил Андев, Дарко Фотиновски, Неврус Бајрам и Михаил Симјановски или Generiss до сега зад себе имаат едно EP и голем број на настапи претежно во Скопје. Долж 11- те песни се претставуваат самите почетоци на бендот и неговата еволуција. Ура во терци!

фејсбук страница на Generiss

Извор: МММ



Врати се горе ↑