Балкан Aleksa-Jelić-za-Beograd-prajd-2012

10 ноември, 2012

Геј химна на српската РТС

Во утринската програма на Радио Телевизија Србија беше емитувана песната „Идемо у град“ (Одиме во град) која е наменски снимена како официјална химна на овогодишната забранета Парада на гордоста. Членовите на движењето Двери први се спротивставија на овој настан.

Двери изјавиле дека не се противат на гостувањето на пејачот Алекса Јелиќ којшто ја отпеа оваа песна, туку сметаат дека геј химната никако не заслужува да биде емитувана на јавниот сервис. Движењето го осуди тоа што РТС дозволиле да се промовира идеологијата на хомосексуализмот.

Тоа е скандалозно! Не е проблем што е снимен спотот, туку РТС, кој го плаќаат граѓаните на Србија, што го објавува. Ако нашата држава беше сериозна и нормална, тој што одобрил да се емитува оваа геј химна би бил веднаш сменет од позиција, но за жал, случајот кај нас не е таков. Затоа граѓаните и нашите деца се приморани да поднесуваат песни со вака извртени текстови и пораки!“- изјавија членовите на Двери.

Алекса Јелиќ не им обрнал внимание на простестот на Двери и истакнал дека е горд што ја отпеал химната на гордоста, бидејќи ги поддржува и нив и борбата која ја води ЛГБТ. Тој изјавил дека песната е универзална приказна за слободата, љубовта, излегувањето со пријателите, освојувањето на улиците во градот со добро расположение.  Јелиќ додал и дека песната ослободува и повикува на слобода и љубов, а тоа се две прекрасни нешта кои никој на никого не може да му ги одземе.

Во продолжение погледнете ја геј химната „Идемо у град“.

Преземено од :www.vesti-online.com



Врати се горе ↑