Концерт paja

31 јули, 2013

Газда Паја: Одамна посакував да дојдам во Македонија

На 3-ти aвгуст (сабота) во Охрид, на 2-ра плажа – Градиште, се случува Викенд журка! Со почеток од 23 часот најавена е пет часовна журка со Слаткаристика, Дј Ник Капа, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози и други. На задоволство на нашата публика, за прв пат во Македонија доаѓа и Газда Паја чија песна „Чке Београдске” ја нарекуваат Балканската „Гангам стајл” на Псај поради големата слушаност и гледаност насекаде во регионот.

За македонската Рап сцена, плановите и неговото прво гостување во Македонија, Газда Паја вели: „Многу се радувам што конечно ќе дојдам и во Македонија. Одамна си посакував! Ја следам Вашата сцена и ги слушам САФ, Слаткаристика, Пука Козметика и Тони Зен. Ми се допаѓа нивната работа и едвај чекам да настапам со Слаткаристика на 3-ти август во Охрид. Чув дека “Чке Београдске” се слуша во Македонија, а се надевам и на исто така убав прием на другите мои песни. Имам и постари проекти, а и нови хитови, па се гледаме/журкаме на 3-ти август во Охрид, на Градиште, 2-ра плажа! Поздрав”.

Вечерта за журката на Градиште, во Охрид ќе има и организиран превоз до плажата, а билетите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во претпродажба низ продажната мрежа на Мк Тикетс.

 



Врати се горе ↑