Балкан n502013dbaedab

17 април, 2014

Газда Паја потпиша договор со македонска продукциска куќа

Павле Бошковиќ, на балканската публика добро познат под псевдонимот Газда Паја, се приклучува во тимот на Слаткаристика, Тајзи, Future INC и диџеј Андреј Ѓошев. Имено, Иноватива Груп потпиша договор со Газда Паја за застапување на територијата на Македонија и веќе работат на планот за неговите настапи оваа година низ цела држава.

Газда Паја го препознаваат по веќе добро познатите балкански хитови „Чке Београдске”, „Мрдај ту ствар”, „Дај ми вина да се напијем”, сите со над милионска слушаност и гледаност на Јутјуб каналот. Тој е веќе многу влијателен во Србија но и наоколу, а во Македонија, во 2013 беше дел од Weekend журката на Градиште, Охрид и Free Zone фестивалот во општина Аеродром, Скопје.

Во периодот што следува од Иноватива велат дека престојат многу гостувања, настапи и промоции на сите музички слчувања што ќе ги подготви Газда Паја.  За повеќе информации, следете го Газда Паја на неговата македонска фан страница на Фејсбук и уживајте со неговите хитови.



Врати се горе ↑