Настани Газда Паја 1

9 мај, 2014

Газда Паја доаѓа во Скопје

Српскиот артист Газда Паја утре, сабота (10 мај) доаѓа во Скопје за неговото едночасовно шоу. Со неговите добро познати песни „Чке Београдске”, „Мрдај ту ствар” и многу други, Газда Паја ќе ја забавува македонската публика на отворањето на нов клуб (поранешен „Social Club”, до кафе бар „Тренд”, во центарот на Скопје).  Настапот на Газда Паја ќе биде збогатен со танчерки од Белград и визуелно шоу со светло за една поинаква скопска забава.

За периодот што следи, Иноватива Груп Ви најавува летна турнеја низ македонските клубови и дискотеки на супер забавниот рап артист Газда Паја.

 



Врати се горе ↑