30 октомври, 2015

„Гаврнмент“ го најавуваат новиот албум со „Разбуди ме“

Битолскиот алтернативен/инди рок состав „Гаврнмент“ (The Government) со видео записот за темата „Разбуди ме“ го најавува истоимениот деби албум, кој  наскоро ќе излезе на пазарот. Зад албумот стои популарната издавачка куќа „Take It Or Leave It Records“ од Белград.

Албумот „Разбуди ме“ ќе содржи осум авторски композиции, пет на македонски јазик и три на англиски. Сниман е во студиото на Младинскиот Културен Центар во Битола, техничката поддршка е Димитар Жиров – Жирка, миксот и мастерингот се на Горан Јаневски, додека визулениот концепт и графичкиот изглед на албумот се дело на Златко Никодиновски.

Спотот е дело на Златко Никодиновски и Томе Спасовски.

Покрај новиот албум, групата наскоро ќе ја лансира и својата официјална веб страна на адресата www.thegovernment.mk

 



Врати се горе ↑