Видео

21 ноември, 2018

Гавазова го започна освојувачкиот поход во Србија со „Хало“

Фолк-ѕвездата Сузана Гавазова неодамна ги соопшти своите планови за освојување на српскиот пазар, а сега конечно ја имаме и нејзината прва песна на српски јазик насловена „Хало“. Сакајќи успехот да биде загарантиран, пејачката ги здружи силите со едни од најпознатите српски автори, па така стиховите на „Хало“ се дело на хитмејкерот Драган Брајовиќ Браја, а музиката и аранжманот ги потпишува Динајл Екс.

PREMIERA!Mojot najnov spot i pesna e ovde!Da slushnam komentari??!?Blagodaram na site koi rabotea na ”Hallo”

Gepostet von Suzana Gavazova am Dienstag, 20. November 2018

Сето тоа визуелно го дополни продукцијата „ДДП студио“, под режисерската палка на Харис Дубица, а го промовира една од најуспешните српски продукции – „Гранд“. Имајќи ги предвид сите атрибути на Гавазова, освојувачкиот поход во Србија би требало да се одвива лесно и да биде и повеќе од успешен, а како изгледа нејзиното првенче на оваа сцена дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑