Македонија garo

21 октомври, 2013

Гаро Тавитјан со награда за животно дело

Гарабет Тавитјан следниот месец на музичкиот фестивал Еврофест, кој ќе се одржи во Скопје, ќе добие награда за животно дело. Советот на фестивалот кој има меѓународен карактер одлучил оваа престижна награда да отиде во рацете на легендарниот тапанар кој освен со личните успеси може да биде задоволени и со успехот на своите синови Гаро Јуниор и Дики. Неговата биографија е преполна со достигнувања, а професионалните и колегијалните принципи на овој легендарен музичар и ден денес ги отвораат вратите за него каде и да тропне, и на домашен терен, и на многу музички дестинации низ Балканот и пошироко.

Гарабет Тавитјан (1953) е врвен македонски тапанар, со ерменско потекло. Тој беше и член на култната група Леб и сол. Освен како тапанар, во неколку песни се појавува како вокал (како на пример „Распукала Шар Планина“). Претходно беше член на неколку други скопски групи, а подоцна е основач и на составот Парамециум, во кој членуваа и неговите синови Диран и Гаро, кои сега се познати како Браќата Тавитјан. Изминативе години во двата албумски проекти за музичко обединување на Балканот – „Македонското срце чука во 7/8“ на Браќата Тавитјан, Гарабет ја имаше клучната улога, обезбедувајќи ги најпознатите пејачки ѕвезди од просторот на поранешна Југославија, негови колеги, соработници и почитувачи.

Минатата година на Градскиот стадион во Скопје, по повод 8-ми Септември, Денот на осамостојувањето на Македонија, се одржа концерт со сите пејачи кои беа дел од проектот и во живо ги испеаја народните македонски песни, кои се најдоа на албумите, а во целиот концерт можете повторно да уживате во продолжение. Најавено е и трето продолжение на албумот.

Извор: vecer.com.mk



Врати се горе ↑