Македонија tavitjan

18 февруари, 2013

Гаро сениор и јуниор на тапанарски спектакл

Гарабет и Гаро Тавитјан беа специјални гости на големиот тапанарски спектакл во Белград во организација на Драгољуб Ѓуричиќ и реномираното атеље 212, пишува Вечер. Овој шоу за прв пат ги обедини најпознатите тапанарски легенди од регионот меѓу кои беа и тапанарите на Рибља Чорба, ЕКВ, Корни група, Бајага, Ван Гог, Кербер, Парни Ваљак, Бијело Дугме како и познати тапанари од странство. Учесниците заедно музицираа пред воодушевената публика во која се наоѓала дел од актерската елита на Србија, како и познати артисти меѓу кои Оливер Мандиќ, Рамбо Амадеус и други.

На спектакл Гаро и Гарабет биле единствени гости од Македонија, а тие биле и единствени со свој соло настап на оваа манифестација. Инаку, браќата Тавитјан годинава имаат набиена концертна агенда во чии рамки е и светската турнеја низ Америка, Европа и Австралија.

Во тек е и работата на третиот дел на најпродаваниот албум во Македонија и Балканот во последните четири години „Македонското срце чука во 7/8“ на кој ќе се најдат реномирани светски имиња во чест на Македонија.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑