Свет Gangnam-Style

12 јули, 2017

„Gangnam Style“ повеќе не е најгледаната песна на Јутјуб

Хитот што ја одбележа 2012 година, „Gangnam Style“ во изминативе 5 години забележа бројни успеси, влезе во Гинисовата книга на рекорди како видео со најмногу допаѓања, на авторот и изведувач Псај му донесе заработка од 5 милиони фунти, а до вчера беше и најгледаното видео на сервисот Јутјуб. Но сега, само неколку дена од 5-годишнината од објавувањето, виралниот хит е симнат од тронот благодарение на успехот на хитот „See You Again“.

Оваа соработка на американските музичари Виз Калифа и Чарли Пут само годинава собирала по три милиони прегледи на ден, а нејзиното видео до вчера го погледнале над 2,9 милијарди посетители. „Премногу сум возбуден и благодарен на сите што ја поддржуваат песната и видеото на Јутјуб, пресреќен сум што инспирирав и допрев толку многу животи“, изјави Калифа, а возбудата не ја криеше ни неговиот колега Чарли.

„Се сеќавам кога во 2007 година се приклучив на Јутјуб и само се надевав дека видеата ќе ми достигнат 10.000 прегледи. А сега, цела деценија подоцна, чувството да се биде дел од најгледаното видео на Јутјуб е неверојатно“, рекол тој. Песната беше дел од седмото продолжение на филмот „Брзи и бесни“ во 2015 година и можеше да се слушне во одјавната шпица, во чест на актерот Пол Вокер кој загина во сообраќајна несреќа пред премиерата на филмот.



Врати се горе ↑