Свет PSY-Oppa-Gangnam-Style

24 октомври, 2012

„Гангнам стил“ и на Европските Музички Награди

Планетарно популарниот сингл „Гангнам стил“ на корејскиот рапер PSY ќе биде изведен во живо и на Европските Музички Награди на телевизискиот канал MTV. На 11ти ноември во Франкфурт, каде што ќе се одржува овој настан, покрај раперот ќе настапат и Алиша Киз, бендот Килерс и Питбул, чиишто имиња беа додадени на веќе познатата листа на изведувачи, меѓу кои Тејлор Свифт, Рита Ора, Карли Ре Џепсен, Фан, Ноу Даут и Мјус. 

Несомнено дека и ова издание на музичките награди ќе биде спектакуларно шоу, а оваа година ќе го води германскиот супермодел Хајди Клум.



Врати се горе ↑