Свет 365984-gangnam-style

24 ноември, 2012

„Гангнам Стајл“ и официјално најгледан на YouTube

Иако до неодамна беше само втор, мегахитот „Гангнам Стајл“ сега и официјално е најгледан клип на сервисот ЈуТјуб, надминувајќи го Џастин Бибер кој беше шампион во оваа категорија. Имено, јужнокорејскиот рапер Псај за само четири месеци успеа да собере преку 800 000 000 прегледи и со тоа го собори рекордот на ЈуТјуб. На тоа треба да се додадат и неколкуте други верзии на спотот за истата песна, кои имаат повеќе од 200 000 000 прегледи. Оваа песна претставува духовита критика на јужнокорејските новокомпонирани богаташи, чие олицетворение претставува елитниот кварт во Сеул, Гангнам.

Извор и фото: 021.rs

 



Врати се горе ↑