Свет 147909711350b76a17594a5631515238_orig

29 ноември, 2012

„Гангнам Стајл“ е доказ за крајот на светот?

За некои смешна, за други застрашувачка, но приказната дека мегахитот „Гангнам Стајл“ го означува крајот на светот веќе ги преплави медиумите. Ова тврдење е во прилог на наводната изјава на Нострадамус за крајот на светот: „Едно мирно утро, крајот ќе дојде. Кога на разигран коњ бројот на кругови ќе биде 9.“

Оваа апокалиптична приказна се шири на интернет со тврдењето на овој претскажувач кој го предвидел мирното утро, разиграниот коњ и деветте нули кои ќе водат кон апокалипсата. Тврдењето за крајот на светот е истакнато и со фактите дека Кореја е позната како „земја на утринскиот мир“, дека Псај го изведува танцот на разигран коњ, а и тоа што видео записот наскоро би можел да достигне и 1 милијарда прегледи, од каде што би се добиле деветте нули.

Многумина дури и веруваат дека спотот ќе ја достигне оваа цифра на 21-ви декември, што би одело во прилог на тврдењето на Маите за крајот на светот.

Извор: b92.rs



Врати се горе ↑